Лидерот на партијата, Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на денешната прес конференција, рече дека по синоќешните случувања во Парламентот, актуелната власт веќе нема кредибилитет да зборува за владеење на правото.

Села изрази сомневање дека епилогот од синоќешната седница, на која не се галасаше за имунитетот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, е сценарио меѓу ДУИ и ВМРО, што водело потекло уште од времето на нивното владеење.

Според Села, има повеќе причини зошто ДУИ би сакала да го заштити поранешниот собраниски спикер, Вељаноски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде