Сите добри работи имаат свој крај, особено ако продолжиле 16 години и биле благословени од ангелски глас среде пустината Невада. Во саботата вечер, Селин Дион направи проштално шоу на сцената на Колосеумот во „Сизар палас“, Лас Вегас. Таа направи два последни подароци на публиката: ја претстави баладата „Flyin on My Own“, со која ги возбуди присутните и … го прекина концертот за да почека еден од своите обожаватели да „скокне“ до тоалетот.

Пејачката забележа како еден од посетителите стана од првиот ред. Потоа таа ја прекина нејзината изведба и смирено чекаше додека повторно не го зазеде своето место.

„Сите ние те чекавме … Сите 4.300 луѓе! Немој да брзаш сега“, се пошегува ѕвездата, при враќањето на човекот и додаде: „Откако купил два билети за прв ред, за да дојде и да го види последното шоу … Јасно е дека ќе го почекам тоа, тоа е најмалку што можам да направам“, додава таа.

По 16 години, кои Дион ги помина правејќи шоуа во „Градот на гревот“, таа одлучи да ги прекине своите неделни концерти. Таа сакаше да престане со настапите пред неколку години, но не го стори тоа од лични причини поврзани со нејзиниот сопруг. Тогаш се зборуваше дека од „Сизар палас“ ја „уценувале“ легендарната пејачка, откако и се заканиле дека ако си замине, ќе распространат слика од камерите од лифтот во зградата, на која се гледа како веќе покојниот Рене Анжелил се однесувал непристојно со млада жена.

Денес, сепак, таа официјално ги заврши обврските во Вегас.

„Имам многу убави спомени, но во исто време е чудно. Дојдов за три месеци, или нешто, а поминаа цели 16 години … Јавно, го зачувавме најдоброто за крај“, изјави Селин на крајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде