Српската полиција соопшти дека се работи за убиство и самоубиство за брачниот пар од Ужице Србија кој беше пронајден мртов во понеделникот науто.

Сопругата Снежана била пронајдена во подрумот на стамбената зграда во која живеела, а починала од убодни рани во поределот на вратот од кои набрзо искрварила и починала, додека сопругот со кој била во процес на развод се обесил пред семејната куќа.

Горан ја чекал Снежана пред влезот кога таа тргнала на работа, ја одвлекол во подрум и ѝ нанел неколку убоди со нож во вратот, а воочени се и траги на давење.

Горан имал забрана за доближување на Снежана поради семејно насилство, а му била одземена и ловечка пушка бидејќи и се заканувал.

Осомничен за убиството е сопругот, бидејќи нема други сведоци на местото на несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде