Непознат маж од мост во хрватскиот град Шибеник скокнал директно в море, а и покрај фактот што мостот е висок дури 40 метри, тој преживеал.

„Човекот скокнал од мостот во морето, а го забележале едрилици кои минувале од таму. Човекот е жив и префрлен во болница“, рекла портпаролката на полициската управа од Шибеник-Книн, Марица Косор.

Сите околности за скокот од мостот на засега непознатиот човек полицијата допрва ќе ги испитува, накратко изјавила Косор, а пренесува „24сата.хр“.

Овој висок мост во Шибеник го поврзува Шибенскиот залив на Јадранската магистрала, во близина на утоката на реката Крка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде