Актерот Тони Михајловски деновиве лобира за гласање на претседателските избори за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова. На социјалните мрежи се појави видео од негов говор во кумановско Диво Насељ.

-Со среќа нека е работата, со Господ напред, да си победиме, бидејќи ние во Куманово имаме историска задача. Од 1938 година во Куманово не е сменета власта. Значи пред нас е голема голема работа која ќе треба да ја направиме на предвремените парламентарни избори…

Бојкот не ни треба зошто тоа ќе биде уште една тиха победа на македонскиот народ, толку тивка што Заев ќе ја заобиколи. Како што ја заобиколи волјата на македонскиот народ на 30 септември. Ние му кажавме не, 1.300.000 бевме против, зошто молчењето никако не е одобрување. Молчењето е највисок чин на омраза. Ние им покажавме колку го мразиме, а тој го закачи на опаш на мачка и го пушти низ вода. Сега ни треба крик, кој што ќе му ги распара тие негови тврди уши и барем да биде како планина големо за да не може да ја заобиколи. Да се истопори пред него и да му го земе здивот, да не може да диши. И затоа не ни треба бојкот, ни треба јака победа… вели Михајловски во својот говор.

Ние не дозволуваме некој да ни го испие мозокот, ние срцето си го слушаме. И затоа треба да ги убедите оние кои се двоумат. Возот иде и оваа композиција нема да застане. Оставете го ако седи на раскрсница, оставете го, ќе не стигне. Објаснете му дека во него не умрел Македонецот и дека на 21-ви како шлепер жаба, како што викаше тој нивни претседател, да ги размачкаме, а после тоа пепел да ги направиме, да ги дигнеме и да ги однесе воздухот, вели Михаловски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде