Еден 54-годишен маж на островот Паг во Хрватска утринава ги фрлил своите четири деца од тераса на висина од околу шест метри од нивната куќа. Децата имале 3, 5, 7 и 8 години. Двете повозрасни деца се тешко повредени и се на интензивна нега, додека помалите не се во животна опасност, пренесуваат хрватските медиуми. Таткото е приведен во полиција. Во моментот на инцидентот во куќата била и 43 годишната мајка.

Хрватските медиуми пишуваат дека се работи за проблематично семејство кое пред десетина година се доселило во Паг од Вировитица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде