Политичките определби уште еднаш се појавија на фудбалските терени, овојпат во Шпанија.

Селекцијата на „црвената фурија“ до 17 години требаше да одигра меч против Косово, но поради тоа што не сакаше да го прикаже знамето на противникот на своја територија, натпреварот беше одложен. Косовската федерација веднаш се пожали кај УЕФА, која треба да пресече и да донесе одлука за начинот на кој што ќе се избегне дополнителен проблем.

Прва опција е дуелот да се одигра на неутрален терен во Швајцарија, со оглед на тврдоглавоста на Шпанците.

Косовски натпреварувачи претходно учествуваа на Медитеранските игри во Тарагона, но без своето официјално знаме, со оглед на тоа што Шпанија не ја признава државата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде