Утре Советот на општината треба да донесе одлука за продажба на ФК Брегалница.Со тоа ќе почне процесот за приватизација на клубот.
„На почетокот на седницата ќе се обратам на советниците за причините за продажба на Брегалница. Верувам дека советниците ќе донесат едногласна одлука. Со договорот за продажба на Брегалница, во сооднос 51-49 на акциите, се заштитени и општината и купувачот. Со оваа одлука започнува процесот за приватизација на клубот.

“Сметам дека со приватизацијата на клубот се отвораат нови страници за развој на фудбалот во Штип.Нема да има додавка на името на Брегалница, седиштето останува во Штип ..“- ни рече градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.


Брегалница ќе се продава на берза.. Во Штип нашироко се зборува за идниот сопственик на Брегалница,, познат и афирмиран спортски работник, кој има и поддршка во јавноста, но тој , барем засега, не сака да се споменува неговото име, до завршувањето на продажбата. Дознаваме дека тој не остава ништо на случајноста и оти преговара и со повеќе фудбалери, кои веќе дале согласност да дојдат во Брегалница Сите очекувања се дека конечно дојде денот за приватизациа на Брегалница и враќање рејтингот на клубот во пресрет на 100 годишнината од постоењето (1921- 2021).

Брегалница по тој принцип се обиде да ја продаде и претходниот градоначалник Илчо Захариев.Де, наши, де Турци и ништо не бидна работата.Низ спортските кругови се зборува дека цената што ќе ја платат граѓаните за Брегалница да се продаде ќе биде превисока и изразена во бесплатни плацеви, локации за прифатибилни дејности и слично.Утре ден “Видовден.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде