Киро Глигоров, Никола Кљусев, Љубчо Ѓеоргиевски, Љупчо Јордановски, Срѓан Ќерим, па дури и бегалецот Груевски има корен по мајка од Штип. Сите овие Штипјани (не мислам само на кадар на СДСМ туку воопшто за лица на високи позиции) беа дел од првиот државен ешалон, кој претседател, кој премиер, кој во Обединети нации сите -секогаш на видна позиција. Но тоа по се изгледа ќе остане само „бледа“ историја за овој град кој во Скопје за него се велеше „Од Штипјани глава неможеш да кренеш“.

Сега Штип на Централно ниво има само едно место во властта, и тоа екс претседателот Владимир Милошев кој е државен секретар во Министерството за здравство, кој во Штип наголемо се слуша дека станал „Скопјанец“ и никого не познавал, поточно се испокрал со сите небаре е премиер.

„Побргу ќе го добиеш премиерот отколку Милошев, се жалат Штипјани“.

Што се случува со овој град е еден голем ПРАШАЛНИК.

Прес Центар ЈАВНО го прашува младиот претседател на ОО Штип Никола Тушев – Баче, Зошто на конкурсот за пријавување во СДСМ не се пријави ниту еден Штипјанец ич да не е колку да го има на список барем. Немаш демек кадар Никола или ти одговара да некој не е над тебе и градоначалникот Бочварски? Зарем на толку интелектуалци, економисти, правници, лекари, доктори на науки, професори и слично сакаш да кажеш дека нема кадар?

Е, Баче, Баче … Додека се гледаме самите во огледало и си велиме дека сме најубави така ќе е, а незадоволството ќе го имаш допрва зошто Штипјани и Штип како град не е ни малку град за потценување. Ако си млад и неискусен, побарај пријател или прашак ја публиката. Ќе поминат изборите, што потоа Баче?

Не е само во владејачката СДСМ состојбата таква, и во опозициската ВМРО ДПМНЕ е исто само што ВМРО ДПМНЕ ако ништо повеќе имаат место „прв гласноговорник“ – координатор на пратеничка група Никола Мицевски.

Од град ВЕЛИКАН направивте град на иселеници ….

Ако тебе Баче не ти е ВАЖЕН градот и личностите во него, отстапи го местото на малку поискусни од тебе за да ја водат локалната политика на една Општинска Организација на СДСМ. И.. да.., Да те потсетам беше подобар менаџер во „Бриони“ оттколку претседател на најголемата владејачка партија во Штип.

п.с Убаво кажа премиерот: „Ќе игра метлата после изборите“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде