Momo Challenge е новиот предизвик кој сее страв кај родителите, заради опасноста по животот на нивните деца, а се работи за страшен лик кој се појавува во детски видеа и ги тера децата да следат инструкции за самоубиство.

Станува збор за страшен лик кој наводно се појавува во YouTube видеа од цртани филмови и други детски програми и ги охрабрува децата да прават опасни задачи кои на крај завршуваат со самоубиство.

Постојат тврдења дека овој страшен лик се појавил во видео со Peppa Pig, а некои тврдат дека ликот го пронашле и во игри како Fortnite.

Според тврдењата, видеата започнуваат сосема нормално и нема никакви сомнителни работи, а среде видеа, се појавува ликот и ги тера децата да го додадат на WhatsApp, заканувајќи им се дека во спротивно ќе дојде во сон и ќе ги убие.

Откако ќе го додадат, страшниот лик им дава инструкции на децата да го вклучат шпоретот додека сите спијат, да ги испијат апчињата на родителите и други дејствија кои може да им наштетат по нивниот живот.

Родителите ширум светот се во паника и постојано споделуваат предупредувања на социјалните мрежи, со што веста вирално се прошири.

Parents please be aware and very cautious of what your child watches on YouTube and KIDS YOUTUBE. There is a thing…

Posted by Amyre Shonny on Tuesday, February 26, 2019

Дури и Ким Кардашијан на Инстаграм ги предупреди родителите за овој страшен предизвик кој создаде паника и страв.

Сепак, не постојат докази за ова, како и за случаи на самоубиство кои се поврзани со овој предизвик, а од YouTube демантираат и велат дека немаат никаков доказ за Momo Challenge на YouTube.

Иако не постои потврда за тоа дали е ова вистина, сепак предупредување до сите родители – иако за жал не може да им ги забраните телефоните и видеата, сепак, внимавајте на вашите деца и контролирајте што гледаат на интернет, бидејќи дури и самата приказна и изглед на ликот може да создадат сериозен страв кај детето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде