Татко ги фрлил четирите мали деца од првиот кат на куќата во Паг. По пристигнувањето на полицијата, децата биле во свесна состојба. Тие се префрлени во болницата во Задар.

Според хртавските медиуми, станува збор за деца на возраст од 3, 5, 7 и 8 години, а нивниот татко ги фрлил изутринава пред 7 часот.

Полицијата примилила повик во 6.47 часот дека маж на возраст од 54 години на островот Паг, на улицата Јосип Јелачиќ, од височина од 6 метри ги фрлил своите четири малолетни деца.

Од Општата болница во Задар нема информации за состојбата на децата. Полицијата ги утврдува околностите на оваа трагедија. Радио Задар јави повикувајќи се на неофицијални информации дека станува збор за проблематично семејство кое што се населило во Паг.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде