Роџер Федерер остава силна трага врз спортскиот имиџ на Швајцарија, па градските власти на Базел сериозно размислуваат за иницијатива познатата сала „Сент Јакобс“ да ја именуваат по тениската легенда. Само што постои сериозен проблем, бидејќи за такво нешто – ќе треба да му платат на Федерер бидејќи ќе го „користат имиџот во кој тој вложувал во изминатите години од кариерата“.

За македонски услови звучи неверојатно, но во Швајцарија законите мораат да се почитуваат дури и кога се косат со логиката.

„Работиме на тоа да го смениме името на салата, постои голем ентузијазам, но има и проблеми. Пред се, многумина се противт бидејќи според швајцарската традиција поединец може да добие статус на национален херој само откако ќе почине. Федерер е наш најпознат амбасадор, живееше во Базел до 17-годишна возраст, говори на нашиот дијалект, овде се уште му живеат родителите… Сепак, тој сега е светски бренд, а нормално е брендот да треба да се плати“ – изјави политичарката Мартина Бернаскони, родена во Базел.

АТП-турнирот во Базел се одржува токму во „Сент Јакобс“ салата, па доколку промената на името се случи наскоро, ќе бидеме сведоци на неверојатна случка, Роџер Федерер да игра во „Роџер Федерер арена“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде