Два ловца на швајцарските воздухопловни сили неколку минути го придружуваа авионот на „Росија ерлајнс“ на летот од Москва до Марсеј, а во кој се наоѓаа членовите на руската делегација што се упати кон Франција за да присуствува на разговорите меѓу претседателот Путин и Макрон.

Според ТАСС, во авионот се наоѓале портпаролот и советникот на рускиот претседател, Дмитриј Песков и Јури Ушаков, како и група новинари.

Кога авионот влегол во швајцарскиот воздушен простор, до него се приближиле два борбени авиона, по еден од секоја страна, на надморска височина од 10,6 километри.

Тие наизменично се приближувале кон рускиот авион и во некои моменти летале на само неколку метри оддалеченот од неговите крила.

Ловците го следеле авионот сè до границата со Франција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде