Изненадувачки е што универзитетска професорка по Уставно право, Политички систем, Модели на демократија и други предмети, се користи со недостатоците во Изборниот законик, а притоа ги крши демократските стандарди и начелата за фер и демократски изборен натпревар, велат од ЦИВИЛ – Центар за слобода за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска.

Од таму велат дека при спроведување на мониторинг на предизборните активности на претседателските кандидати,  констатирано е предвремено започнување на политичката кампања и манипулација со недостатоците во Изборниот законик од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска.

„Претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, како политичка партија што ја поддржува нејзината кандидатура организираа настан во Штип, на 25 март, типичен за политичка кампања. Се работи за јавен собир во салата на ОК ВМРО-ДПМНЕ, на кој таа се промовира како претседателска кандидатка. Граѓанките и граѓаните во Штип биле информирани дека таа доаѓа во Штип, иако немало официјален јавен повик. 

Политичката кампања, според законот, додаваат од Цивил, може да започне 20 дена пред денот на гласањето, односно на 1 април.

„Јавноста има право да знае кои се мотивите за ваквата кампања, особено затоа што изборните кампањи се платени од буџетот, односно од парите на даночните обврзници на Република Северна Македонија. Ги повикуваме релевантните институции, пред сѐ, Државната изборна комисија и обвинителството, веднаш да реагираат и да ги повикаат на одговорност политичките субјекти што ги кршат законите и демократските стандарди. Ја користиме оваа прилика уште еднаш да упатиме апел до политичките субјекти инволвирани во изборниот процес максимално да ги почитуваат законите и демократските стандарди во изборните процеси“, велат од Цивил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде