Далас на домашен терен го совлада Портланд со минимални 102-101, во центарот на вниманието беше Лука Дончиќ. Словенецот кој мечот го заврши со 29 поени, осум скока и шест асистенции, го имаше потегот на дуелот. На самиот старт изведе атрактивно забивање и тоа преку Јусуф Нуркиќ.

Дончиќ при 99-99 ги постигна клучните поени за неговиот тим, ја прошета цела одбрана, а потоа поенитраше за 102-99. Тој беше на ниво на задачата токму во последната четвртина која неговиот тим ја доби со 24-9.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде