Синот на шеикот наводно одбил да плати дел од цехот кој се однесувал на пијалаци кои тој не ги нарачал, шампањот за хостесите, поради што прво реагирало обезбедувањето а потоа и полицијата која ги привела младиот маж.

Син на шеикот од Обединетите Арапски Емирати, Хамадан бин Зајед Ал Нихијан со луксузна јахта на тато долга 141 метар впловил во Дубровник и заминал на забава со убаво друштво во популарниот клуб „ Culture Club Revelin“ во стариот дел на градот, за потоа да одбие да го плати цехот од 50 000 евра, пренесува „Дубровачки дневник“.

Весникот повикувајќи се на свои извори пренесува дека богатиот наследник ги честел хостесите во клубот и големото друштво со скап шампањ, а кога одбил да го плати цехот морала да интервенира и полицијата.

Синот на шеикот наводно одбил да плати дел од цехот кој се однесувал на пијалаци кои тој не ги нарачал, шампањот за хостесите, поради што прво реагирало обезбедувањето а потоа и полицијата која ги привела младиот маж.

Весникот повикувајќи се на анонимен очевидец на настанот пренесува дека синот на шеикот потоа со помош на другите гости тој сепак го платил цехот во вредност од 375 000 куни, (околу 50 000 евра).

Синот на шеикот од Емиратите и пред две години летувал во Хрватска, а богатството на неговото семејство се проценува на околу 10 милијарди долари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде