Новите истраги на специјалното обвинителство не пропаѓаат. „Бомбите“ ќе ги слушаат, но нема да ги користат како доказ во судска постапка. Специјалните обвинители имаат рок до септември 2020 година да ги преслушаат разговорите, а преку нив да доаѓаат до други докази. Законот предвидува „бомбите“ кои не се дадени како доказ во судовите да се чуваат во СЈО една година по правосилноста на одреден предмет, за потоа да бидат уништени. Вакви пракси СЈО ќе има за предметот „Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО ДПМНЕ, случаите против бизнисмените Јордан Камчев и Сашо Мијаколов, функционерите на ДУИ Али Ахмети и Бујар Османи, меѓу поранешните миниситри и Зоран Ставревски кој беше прв финансиер во владата на ВМРО ДПМНЕ. Со што се пробива начелното правно мислење на Врховниот суд од каде се произнесоа дека СЈО не може да покренува обвиненија.

„Обвиненијата покренати по 30 јуни 2017 година и истражните постапки што ги спроведува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите до влегувањето во сила на овој закон продолжува да ги спроведува Специјалното јавно обвинителство“, се вели во членот 105 од предлог законот за јавно обвинителство.

Со предлог законот, специјалната обвинителка Катица Јанева ќе добие шеф – републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Специјалното ќе одговара пред редовното обвинителство, предвидувајќи СЈО да се вклопи со ЈОРМ. Јовески нема да може на тимот на СЈО да му одземе предмети, но републичкиот обвинител ќе пресечува – ако има судир на надлежности меѓу обвинителствата. СЈО се предвидува да биде автономно и задолжено да гони висок профил на корпиција и  криминал, за гонење на избраните функционери.

Мандатот на шефицата на СЈО Катица Јанева според предлог законот предвидено е да трае уште една година, а наредниот специјален обвинтиел со мандат од четири години ќе го бира Советот на јавните обвинители.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде