Со новиот предлог закон Специјалното обвинителство ќе постои како самостоен орган во Основното јавно обвинителството и ќе биде независно за да отвора нови предмети, но нема да може да ги употребува „бомбите“ како докази. Специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека постои можност некои функционери да се спасат од кривично гонење.

Според одредбите на предлог законот за Јавно Обвинителство, СЈО „бомбите“ ќе може да ги употребува како докази само во случаите за кои е покренато обвинение до 30 јуни 2017 година, односно, бомбите како доказ ќе се користат само за 21 случај.

Премиерот Заев извести дека ќе има лидерска средба на која ќе се побара поддршка за Законот за СЈО и останатите отворени прашања.

„Бомбите“ нема да се употребуваат и во случајот со неуспешниот попис на населението во кој се осомночени Али Ахмети и Никола Груевски, за патни трошоци на екс пратеничката Силвана Бонева како и за случајот со набавката на медицинската опрема, во време кога Бујар Османи беше министер за здравство.   СЈО нем да може да ги употребува „бомбите“ како докази ниту во случајот „Империја“ во кој осомночени се Орце Камчев и Сашо Мијалков. Прислушуваните материјали нема да се користат ниту во случајот Талир кој се однесува на финансиска проневера од ВМРО-ДПМНЕ.

Според предлог законот, СЈО ќе може да се бори против корупцијата на високо ниво, да следи дипломати и други лица. Се предвидува СЈО кривично да може да го гони и Претседателот, амбасадорите, Собраниски функционери, Владата, судиите, обвинителите на Јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на Јавните обвинители како и градоначалниците.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде