Пронајдено е бебето на 19-годишната тинејџерка од струмичко која се породила дома. Се дознава од неофицијални информации од истрагата дека новороденчето било фрлено во јама во полско веце.

Од полицијата велат дека во текот на денот ќе соопштат повеќе детали за случајот.

Од Министерството за внатрешни работи претходно соопштија дека во неделата  околу 23:30 часот во СВР Струмица, лекар од Гинеколошкото одделение при ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и дека по извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила.

Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување. Полициски службеници извршиле разговор и со родителите на девојката.

 

Информација на Фокус.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде