Подметнуваат месо кое во Европа се пали.Од саламите “Перутине Птуј“ можете да добиете рак, но производите на оваа компанија се уште поопасни, пишува српски “Ало“.Оваа компанија е еден од најголемите увозници на машински сепарирно месо (МСМ).Компанијата “Неопланта“ само минатата година увезе најмногу пилешко МСМ месо, и тоа количина од 3,5 милиони килограми, и тоа буквално отпад.Поинаку кажано, тоа што во Европската унија се пали “Неопланта“ , увезува и го става во виршли, салами, колбаси и паштети.„Ало“ од царинската управа на Србија добиле информација дека Неопланта лани увезла точно 3.498.121 килограм пилешно МСМ, со што избила на првото место во Србија од производителите на месни производи, а кои увезуваат месен отпадок.Имано саламите, колбасите, виршлите и паштетите, од тие српски производители , содржат  голема количина на мелени коски, преполни тешки метали, антибиотици, и хормони бидејќи се направени од МСМ.На производителите во Србија, увозот на такво месо , десеткратно им се исплаќа, го набавуваат речиси за џабе, наместо да купат квалитетно месо.Но, тоа што е трагично, што овој отпад во државите од ЕУ не се стави ниту во  храната за кучиња и мачки.Горан Паповиќ, претседател на Националната организација на потрошувчи на Србија, вели дека одамна е познато дека во праизерите, виршлите, колбасите и паштетите во Срвија, се става се` освен месо.МСМ содржи, мелени кожи, тртошници, шии, р`скавец, па и коски.МСМ во земјите од ЕУ се пали, или пак се извезува во држави како Србија.Производителите не водат грижа за здравјето и животот на луѓето, важни се само парите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде