12- годишно девојче пешак било удрено од патничко возило „Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, со кое управувал 53 годишниот З.И.

По ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди при што веднаш било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.

Несреќата се случила вчера во 13.00 часот на крстосница од улиците „Антон Попов“ и „Дренак“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Инаку поразителен е податокот кој покажува дека на светско ниво, речиси 500 деца секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди. Слична е состојбата и во Република Македонија. Според податоците во 2017 година  4 деца на возраст до 14 години и 14 деца на возраст од 15 до 19 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди.

Ризикот од повреди кај децата-пешаци е најголем кога тие се на возраст од 5 до 9 години. Истражувањата на релевантни меѓународни организации поврзани со безбедноста на децата во сообраќајот, покажуваат дека кај децата помали од 9 години, способноста за учење за безбедно учество во сообраќајот и вештините за проценка на брзината или за растојанието на возилата, се органичени и не се добро и целосно совладани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде