Феноменот ЕЛ НИЊО полека но сигурно ја загрева Европа а тоа се гледа по долгиот период на натпросечно високите температури за овој дел од годината, исто така екстремно топол ќе биде и новиот месец кој ни доаѓа а тоа е месецот април кога очекуваме најголем дел од Европскиот Континент да биде екстремно топол, најтопло ќе биде во северните и во североисточните предели од истиот.

Сепак и покрај ова на почетокот на април месец неофицијално има на видик спуштање на студен бран од север но и доколку се случи ова не би траело долго, се на се април месец ќе помине како што кажавме во знакот со натпросечно високи температури а исто така потопло од нормалното ќе биде и кај нас.

Исто така според моменталните анализи во најголем дел од Европа ќе има малку помалку врнежи од вообичаеното но тоа не значи дека ќе нема периоди со поинтензивни врнежи.

Ние како и секогаш континуирано ќе ја следиме временската состојба како и развојот на временските прилики.

Подготви: Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде