Риам Далати, продуцент на „Би-би-си Сирија“, тврди дека снимката со лица кои се лекуваат по наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума се наместени, пренесува „Спутник“. Далати во средата напиша на Твитер дека инцидентот бил испитуван шест месеци.

Тој вели дека во болницата немало жртви што починале, додавајќи дека нападот во Дума се случил, но дека во него не бил користен сарин. Сепак, Далати истакнуваа дека Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) ќе испитува дали во нападот бил користен хлор.

Сè друго околу нападот беше фабрикувано“, вели Далати.

Групата „Бели шлемови“ објави видеоснимка по пријавениот напад во Дума на почетокот од април 2018 година. Видеото прикажуваше како локалните жители, и возрасни и деца, се лекуваат во болницата по наводниот напад со сарин.

По извештаите за нападот и објавувањето на снимките од „Белите шлемови“ следеа ракетни напади од Франција, Обединетото Кралство и од САД врз наводните производствени капацитети за хемиско оружје во Дамаск. Западните држави постојано ги обвиниуваа сириските власти дека го извршиле нападот Дума, а Дамаск негираше каква било вмешаност во инцидентот.

Руското МНР соопшти дека тврдењата за наводната употреба на токсични хемикалии од страна на сириската влада биле искористени како оправдување за надворешната воена акција. Покрај тоа, пред инцидентот во Дума, руските вооружени сили предупредија на провокација со користење на хемиско оружје во сирискиот град од страна на милитантите.

Имено, во април РТ објави дека Далати веќе го изразил својот скептицизам во врска со видеоснимката од болницата во Дума во пост на Твитер, но потоа го избришал својот твит, наведувајќи го како причина прекршувањето на уредувачката политика.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде