Кошаркарите на Филаделфија 76ерс во моментите кога беше најпотребно ја одиграа можеби најдобрата партија оваа сезона, бидејќи пред својата публика успеаја да постигнат 145 поени и да израмнат на 1-1 во четвртфиналниот двомеч од Источната конференција на НБА лигата со Бруклин Нетс.

Тимот од Њујорк добро се држеше во првите две четвртини и на неколку пати не дозволуваше одлепување на домаќините, но во третиот квартал му се случи дебакл. Филаделфија во овој период речиси и да не промаши во нападот, даде 51 поен, а во одбраната беше фантастични и прими само 23 поени и си направи разлика која беше одлучувачка за високата победа од 145-123.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде