Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во рамките на дводневната работна посета на Црна Гора присуствуваше на чинот на ратификацијата на Протоколот за пристапување на земјава во НАТО во Собранието на Црна Гора. Гласањето беше едногласно и за Протоколот се изјаснија за 44 пратеници, во отсуство на пратениците од опозицијата.

По ратификацијата, Џафери имаше билатерална средба со неговиот домаќин, претседателот на Собранието на Црна Гора,Иван Брајовиќ, а дадоа и заеднички изјави за медиумите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде