Иако уште не е јасно каква реакција очекувала Instagram моделката кога се фотографирала разголена во напуштениот озрачен град, едно е сигурно – сите едногласно се згрозени од нејзиниот невкус и неукост.Инфлуенсерка на Instagram, идентификувана како Алена Л’Вова позираше таму со цел да привлече повеќе следбеници на својот профил, но начинот на кој одбра да го направи тоа ги разгневи корисниците на социјалните мрежи.

Таа позира полугола, облечена само во танга гаќички и проѕирен комбинезон сличен на оние што ги носеле луѓето кои учествувале во расчистувањето на хаосот по експлозијата, застаната покрај зграда во распаѓање во Припјат, кој стана град на духови откако беше евакуиран пред повеќе од 30 години.

Реакциите на луѓето на Instagram, разбирливо, не беа позитивни.

„Ти си предмет на исмевање. Покажуваш такво непочитување, не можам ни да почнам да објаснувам. Ако имаш барем некаков морален компас, симни ја фотографијата. Луѓе загинаа тука“, напиша корисникот wintersacey.

„Погрешно на толку многу начини. Без грам почит. Требаше убаво да размислиш пред да го направиш ова“, коментира chopsie83.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде