Голи активистки со натписи на телото се собрале пред хамбуршкиот кварт на црвените фенери и го срушиле металниот ѕид кој стоел на влезот во улицата Herbertstraße.

Протестот е одржан на денот на жената, а порачале дека сакаат да ја спречат сексуалната експлоатација на жените и сексуалното насилство кое се крие зад вратата на секс индустријата.

Herbertstraße во Хамбург е работно место за проститутките кои се оскудно облечени, стојат на излози и разговараат со минувачите, а поставениот ѕид служел како бариера и заштита на приватноста, пишува Телепорт.

На жените и децата им е забранет пристапот во оваа улица.

Активистките го критикуваа фактот дека во оваа улица влезот им бил забранет на жените со децении.

 

“Нема ѕидови помеѓу жените”, пишуваше кај некои од нив на телото.

Полицијата реагираше на овој протест и моментално активистките се соочуваат со обвиненија за оштетување на јавниот имот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде