Возачот на автобусот на Дурмо Турс е под полициска заштита. Министерот за внатрешни Оливер Спасовски потврди дека имало сериозни закани по неговиот живот, па затоа преземале мерки. Предистрагата е во тек и одговорност во овој случај сеуште не е утврдена. Професорите од машински факултет работат на тоа вештачење и редовно се на релација- Ласкарци- касарна Ѓорче Петров, кадешто е однесен црвениот автобус.

Во нивни раце стигнала и комплетната документација од компанијата Дурмо Турс, велат извори од истрагата за тв24. Деновиве во обвинителството продолжи распитот на очевидци и преживеани патници. Меѓу нив беше и 49 годишниот возач на црвениот автобус, кој според неофицијалните информации се задржал многу кратко во обвинителството.

Во автобусот кој излета на автопатот кај Ласкарци загинаа 15 патници. Двајца се уште се борат за живот, поголемиот дел се пуштени на домашно лекување. По катастрофалната несреќа МВР спроведува вонредни контроли на автобусите во земјава и секојдневно се потврдуваат неправилности. Денеска, за само 3 часа од 27 прегледани автобуси, кај 10 е утврдена неисправност на сопирачките и се исклучени од сообраќај, а компаниите се казнети.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде