Српската влада ќе инвестира 5 милиони евра во форма на субвенции, за да привлече авиокомпании кои ќе стартуваат летови до 12 нови градови од „Константин Велики“ аеродромот во Ниш.

Според зборовите на градоначалникот на градот Дарко Булатовиќ, цитиран од локалните изданија, целта е така да бидат гарантирани патувања до градови во Германија, Италија, Австрија, Словенија, Шведска, Унгарија и Црна Гора.

Според информациите, тие можат да започнат на 1 јули оваа година.
Булатовиќ вели дека владата ја презела оваа одлука бидејќи додавањето нови летови од аеродромот во Ниш е од „јавен интерес“.

Целта на субвенциите е да гарантираат дека од градот ќе бидат пуштени регуларни патувања до Нирнберг, Рим, Франкфурт, Карлсруе, Хановер, Салцбург, Будимпешта, Љубљана и други.

Според градоначалникот на Ниш, летови ќе има двапати неделно, а крајниот рок е до 2023 година.

Минатата година контролата над аеродромот „Константин Велики“ помина од локалната власт во рацете на српската влада. Целта на промената е да се привлечат повеќе инвестиции таму и тоа да донесе развој на аеродромот во Ниш.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде