Српската полиција го уапси Н.П.(44) од Велико Градиште поради заканите кои му ги упатил на претседателот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, преку социјалната мрежа ,,Фејсбук”.

„Покрај кривичната пријава, тој ќе биде приведен во Специјалното одделение за високотехнолошки криминал во Вишото јавно обвинителство во Белград“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Тој е осомничен за кривично дело загрозување на безбедноста.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде