Стипе Миочиќ повторно го освои појасот на УФЦ-шампион во тешка категорија, кој по долго владеење го загуби минатата година од Даниел Кормие.

Тој го нокаутираше досегашниот шампион во четвртата рунда, откако едвај ги преживеа првите три рунди на мечот.

Кормие од почетокот на борбата доминираше и изгледаше дека на Миочиќ ќе му треба чудо за да остане подолго во борбата по неговите напади.

Во првата рунда 40-годишниот Кормие ја пресели борбата во партер и таму го измачи Миочиќ, а  во втората двајцата борци разменуваа удари.

По третата рунда, во која Кормеи доминираше, беше јасно дека Миочиќ во финишот може да го спаси нокаут, а токму тоа и се случи во четвртата рунда.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде