Според неофицијални информации, три лица починаа на лице место, а две со тешки повреди им подлегнале на скопските клиники во тешката сообраќајка која што се случила на излезот на скопско Драчево ноќеска околу полноќ.

Сепак напоменуваме дека ова се неофицијални податоци од терен.

Во трагичната сообраќајка учествувале автомобил рено и камион за собирање смет, со засега непознати регистерски табли.

Сообраќајот во моментов се пренасочува, а на лице место може да се забележи силно полициско присуство, болнички и пожарникарно возило.

Полицијата најавува повеќе детали за трагедијата во утрешниот ден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде