Струмичани се мобилизираа против изградба на рудникот за бакар и злато „Иловица“.

Низ струмичките улици, со своите автомобили се возеа во знак на протест и побараа Владата да ја одземе концесијата на „Еуромакс“.

Според организаторите, ова е предупредувачки протест и показна вежба што евентуално би можела да се трансформира во целосна децентрализирана блокада на цел Југоисток во блиска иднина, доколку, како што велат, Владата не ги уважи законите и јасно изразената волја на граѓаните за стопирање и одземање на истечената концесија за рудникот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде