Најмалку пет актуелни министри најверојатно ќе добијат црвен картон вечерва на состанокот на највисоките партиски органи на СДСМ. Извори на Алфа од владејачката партија брифираат прв на удар е министерот Горан Сугарески кој заминува од транспорт и врски, а на негово место во игра се две имиња – прво да го пополни кадар на ДУИ и втората опција која се шпекулира е за министер да биде назначен сегашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, близок човек на Заев.

Неофицијално кадрите на ДУИ за кои се преговарало нема целосно да бидат избришани од списокот на функционери, туку Ахмети дозволил само ротација на функциите. Така според нашите извори прв кој би требало да замине од министерската позиција е Садула Дураку од екологија, ама за него се крои министерско место во новото министерство за рамковен, што значи дека од игра излегува Хазби Лика кој и досега беше проблематичен со недоаѓањето на работа.

Во очи на денешниот состанок дел од министрите не сакаат директно да одговорат дали нивните ресори ги зафати метла. Министерката за труд и социјала вели верувала во одлуката на премиерот.

Сепак, сигурни во своите фотељи според нашите извори остануваат Османи, Адеми и Бектеши иако за дел од нив се водат и случаи за можен судир на интереси во Антикорупциска. Од ДУИ пак наместо за кадровски смени притискаат за т.н. ветинг на функционери за контрола на нивното минато пред добивањето на функциите.

Иако далеку од очекувањата на јавноста за најавената „чистка“, премиерот Заев неделава ги разреши сите 78 претседатели на општинските организации, па метлата засега зачисти само во партиските дворови. Во операцијата „метла“ според најавите на премиерот, освен министри треба да бидат разрешени и директори на јавни претпријатија.

Ова министерство му е најпосакувано на актуелниот градоначалник на Штип Бочварски, ама мал е сеуште за министер, башка има КАТАСТРОФАЛНИ РЕЗУЛТАТИ во ШТИП со сега веќе разрешениот претседател на ОО Штип – Никола Тушев

1 коментар

  1. Ne mrdna so prst da go sopre urbaniot krinal vo cela Makedonija naprotiv samo go rasiri I inevizira uste povece vo Tetovo vladee celosen haos. Se gradi kaj ce se stigne bez da s zapazat uslovite za gradba, gradeznite standard I normativi, pravilnicite za ubano I prostorno planiranje, inspeciskite sluzbi gi nema nikade, posebno gradeznata inspekcija a da ne zboruvame za realizacija za rusenje na divogradbite, vremenite objekti I se drugo, STRASNO.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде