Холандската компанија Oceanco на Саемот за наутика во Дубаи ја претстави новата суперјахта Esquel. Станува збор за јахта долга 105 метри, со дизел-електричен погон.

Името го доби по метеорит, а со својот изглед потсетува на пловило од филмовите за Џејмс Бонд. Со едно полнење може да мине 7.000 милји.

„Ова е совршен спој на експедициско пловило и суперјахта. Esquel го нуди најдоброто од двете“, изјави претставник на Oceanco.

Јахтата е опремена со моторни санки, нуркачка опрема, водни скутери, теренски возила, хеликоптер и две подморници, а на главната палуба има затворен базен. Не е наменета само за забава, може да се употребува и за научни експедиции.

„Внатрешноста на јахтата е уредена така што го отсликува животот и домот на млад истражувач. Може да се користи за истражување на најоддалечените подрачја во светот, од Северниот Леден Океан до Јужниот Пол“, се додава во соопштението на компанијата.

Цената сè уште не е позната.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде