Рафали одекнуваа во моја близина, исплашен тргнав пеш кон Куршумлија, опишал 45-годишниот Миломир Стевановиќ од Теслиќ, за драматичната ситуација, кога Албанци почнале да пукаат во српски села.

Тој се Вечерње новости рекол дека бил загрижен за својата безбедност, и дека едвај дошол до местото каде има телефонски сигнал и ги повикал колегите кои тргнале по него.

Да потсетиме, инцидентот се случил во село Рстелица, кое се наоѓа на административната линија со Косово.

Инаку, Стевановиќ завршувал работни обврски за претпријатието „Србија шуми“ на местото на настанот, а како што вели, само среќа го чувала да остане неповреден.

Салвиша Костиќ, кај кој е вработен Стевановиќ, вели дека чести се инцидентите во кои Албанците ги напаѓаат неговите работници.

-Тие секојдневно упаѓаат на нашата страна и ја сечат шумата. Ги слушаме, иако се на 300-400 метри одалечени, бидејќи е ова бпланински предел. Дури и на 2. јануари обија контејнер во кој се наоѓаа моите работници. Сега уште повеќе сум загрижен за безбедноста на работниците – рекол Костиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде