Сведок на судењето на Хоакин „Ел Чапо“ Гузман во САД изјави дека на американските власти претходно им рекол дека обвинетиот мексикански наркобос му платил 100 милиони долари мито на поранешниот мексикански претседател Енрике Пења Нието.

Алекс Сифуентес, долгогодишен близок соработник на Гузман, го кажа ова за време на вкрстеното испрашување во федералниот суд во Бруклин.

Запрашан дали на американските власти во 2016 година им рекол дека Гузман го поткупил поранешниот претседател, тој одговори: „Тоа е точно“.

Пења Нието беше претседател од декември 2012 до ноември 2018 година.

На Гузман (61) му се суди од ноември минатата година. Во 2017 година тој беше екстрадиран во САД, каде што е обвинет дека како лидер на картелот Синалоа шверцувал кокаин, хероин и други дроги во земјата.

И други сведоци на судењето зборуваа за поткуп на највисоките нивоа на мексиканската влада.

Хесус Замбада, уште еден член на картелот, во ноември сведочеше дека во 2005 година му дал милиони долари во мито на соработник на актуелниот претседател Андрес Мануел Лопез.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде