Селекторот на Шпанија, Луиз Енрике Мартинез и ситуацијата во која се наоѓа и натаму е мистерија за сите. Неговото комплетно повлекување од јавноста на само шест часа пред квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 со Малта на гостински терен пред два месеци, поради семејни причини и натаму трае.

Тој единствено комуницира со претседателот на Федерацијата, Луиз Рубиалес, ниту играчите, ниту било кој од неговите соработници не се видел со него, а не ги гледа ниту во живо натпреварите.

Денеска требаше да го објави списокот на играчи за натпреварите со Фарски Острови (7 јуни) како и со Шведска на „Сантијаго Бернабеу“ три дена подоцна, од квалификации за ЕУРО 2020, но наместо него, се појави неговиот асистент Роберт Морено.

Шпанските медиуми тврдат дека Мартинез има трае семеен проблем, па поради тоа Федерацијата веќе е во потрага по нов селектор. Најсериозен кандидат е Абелардо Фернандез, кој е блузок пријател на Енрике и долгогодишен соиграч во Барселона и во репрезентацијата.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде