Еве нов доказ дека настапот на Тамара Тодевска и нејзиниот моќен глас оставија силен впечаток на евровизиската сцена во Тел Авив.

Од 1-ви до 10-ти јуни слушателите на радиото ESC (Eurovision Song Contest) гласаа за најдобар женски изведувач, најдобар машки изведувач и најдобра група на Евровизија 2019.Овие награди се доделуваат од 2006 година, па наваму, а годинава имавме чест токму нашата Тамара Тодевска да ја понесе титулата најдобар женски изведувач на Евровизија.

За најдобра песна беше прогласена „Arcade“ на холандскиот претставник и победникот на Евровизија Данкан Лоренс, најдобар машки изведувач беше Лука Хани од Швајцарија, а најдобра група KEiiNO од Норвешка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде