Канадски работник во продавница и неговата ќерка добиле казна од 4 милиони долари поради кражба на добитно лото ливче. Покрај тоа, 67-годишниот Јун Чул-Чанг и неговата 36-годишна ќерка Кетлин Чанг се осудени на седум и четири години затвор.

Братот на осудената Кетлин Кенет Чанг, кој е сопственик на продавница во преградието на Торонто, добил казна од десет месеци, а вистинскиот добитник на крајот остварил заработка од 12 и пол милиони долари со камата, пишува “BBC”.

“Сега сум навистина среќен”, изјавил победникот Даниел Кембел кој ја поделил наградата со шест свои колеги кои со него ја направилe добитната комбинација.

“Тоа е голема работа за мене и моето семејство, драго ми е што ја поделив наградата со моите колеги и што ми помогнаа. Сега сум многу емотивен”, изјавил Кембел.

Судијата Даглас Греј им одредил на таткото и ќерката да платат казна во висина од 4 милиони долари, а преостанатите пари кои тие ги украле веднаш им биле одземени. Судот утврдил дека измамниците ги користеле парите од добивката за да купуваат вили и луксузни автомобили.

Имено, Кембел во 2003 година купил лото ливче во продавницата на Чанг. Откако Јун-Чул Чанг открил дека добитникот го купил ливчето од нивната продавница, тој го украл а потоа неговата ќерка Кетлин го уновчила во наградниот центар.

Борбата на Даниел за парите траела со години, а ваквите измами не се редок случај во Канада. Канадската влада проценува дека трговците на мало, вработените и нивните семејства во изминатите 13 години украле награди во вредност од 198 милиони долари. Исто така се наведува дека не сите ја имале таа среќа како Кембел да ги добијат своите пари назад, бидејќи многу лукави трговци успеале да се извлечат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде