Татко (32) е обвинет за убиство на својата ќерка стара 14 месеци, пренесува Дејли Меил. Тоа се случи една недела откако на Фејсбук напишал дека самиот тој ќе ја чува ќерката.

Девојчето Холи Ашрст почина од повреда на главата во петокот во болницата во Виган, Велика Британија, а семејството му оддаде чест на секогаш насмеаното и среќно бебе.

Нејзиниот татко Даниел (32) е официјално обвинет за нејзиното убиство и се наоѓа во притвор. Пред кривичниот суд во Виган ќе се појави денес.

Мајката на бебето непосредно пред убиството бил отстутна, па за девојчето се грижел таткото.

Мајката на Холи истакна дека Холи била нејзиниот сон, бистро, среќно девојче и сончев зрак за секој.

“Холи знаеше да го разубави секој ден и беше инспирација, никогаш не беше тажна. Летај високо принцезо со другите сакани луѓе и слатко сонувај, секогаш ќе те сакам”, рекла неутешната мајка.

“Само што започна да ползи, беше паметна и никогаш не се вознемируваше. Сакаше да гледа цртани филмови”, рекол дедото.

Од здобиените повреди на главата, девојчето почина во болница и покрај напорите на докторите да ја одржат во живот, пренесува полицијата. Обдукцијата била спроведена во понеделникот покажа дека девојчето почина од повредите на главата.

“Овој трагичен настан ќе влијае на оние кои ја познавале, како и на пошироката заедница, а моето срце е со оние кои го сакаа тоа девојче”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде