На 07.12.2018 година во периодот од 15,50 до 17,40 часот во с.Сенце-гостиварско, по претходна наредба од Основен Суд-Гостивар, во присуство на работник од Центарот за социјални работи-Гостивар извршен бил претрес во куќа во која живеел 16- годишен малолетник. При претресот пронајдени биле и одземени: пушка “Црвена застава“(карабин) со монтиран дурбин, метален нож, две ловечки расклопени пушки и една расклопена малокалибарска пушка, батериска ламба, двоглед и моторна пила.  Пронајдените предмети се фотодокументирани и одземени за вештачење, а постојат основи на сомнение дека потекнуваат од извршени кражби. Малолетникот и неговиот татко И.М.(66) се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се вели во соопштението од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде