Пред четири години младата студентка од Крива Паланка Фросина Цековска (20) загина на пешачки премин во сообраќајка на булеварот „Партизански одреди” во Скопје кај Универзална сала. Возачот не ни застана. Камерите баш тогаш не регистрирале ништо. Имаше многу шпекулации за тоа кој навистина бил зад воланот. Вчера шестгодишната казна затвор, Апелацискиот суд во Скопје ја преиначи во тригодишна казна затвор.

Љубиша Видојковиќ, 29-годишниот возач уште малку па повторно ќе се врати на скопските улици. Судот определи и едногодишна забрана за управување со моторни возила. Беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување на помош, а при прегледот му се најдени 1,2 промили алкохол во крвта.

Првостепената пресуда беше шест и пол години затвор.

По намалувањето на казната на возачот, таткото на Фросина за порталот А1 Он изјавил дека ако нема правда ќе сме станале див запад и ќе ја превземал работата во свои раце.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде