Во решението за притвор на Јанакиески се цитира службена белешка во која пишува дека, преку посредник, Јанакиески барал од преседателот Иванов амнестија за сите лица против кои се водат постапки од СЈО, како последна шанса и спас од кривична одговорност и одлежување затворска казна. На посредникот на средбата кај Иванов му било пренесено дека преседателот нема намера да се меша во одлуките на судот и барањето за амнестија го одбил.

Во предлогот за притвор до кој дојде Телма, се наведува дека Јанакиески поседува банкарска сметка надвор од Република Македонија со што би било олеснето неговото бегство надвор од државата.

Неименуваниот извор, кој посредувал меѓу Иванов и Јанакиески, тврди дека Јанакиески навел ако не добие помилување ќе избега, стои во решението за притвор до кое дојде Телма.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде