Оле Гунер Солскјер доби перманентен договор во Манчестер Јунајетд и на лето ќе има одврзани раце да состави тим по своја мерка.

Англиските медиуми пренесуваат дека Солскјер е спремен да направи голема реконструкција на тимот, така што шест фудбалери ќе си заминат од „Олд Трафорд“ ова лето.

„Скај Спорт“ пренесува дека Андер Ерера е блиску до трансфер во ПСЖ. Шпанскиот играч за врска одби да го продолжи договорот и се договори со „светците“, а како слободен агент најверојатно ќе си замине и Хуан Мата, чиј догоцор завршува на крајот на сезоната.

Веќе е потврдено дека од клубот заминува и актуелниот капитен Антонио Валенсија, а на трансфер листа ќе биде ставен и Матео Дармијан, кој има неколку понуди од Серија А и најверојатно ќе се врати во Италија.

Најтешка мисија на „црвените ѓаволи“ ќе биде да се ослободат од Алексис Санчез.Чилеанецот после слабата сезона не е во плановите на Солскјер, притоа е најплатен фудбалер во тимот. Токму неговата плата е голем проблем, бидејќи никој од заинтересираните клубови не е спремен да му понуди толкава плата.

Маркос Рохо на лето сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд. Аргентинецот моментално е повреден, а клубот му дозволи да се врати во татковината каде тренира со Естудиантес. Рохо оваа сезона одигра само три меча за „црвените ѓаволи“.

И за крај „најжешката тема“, Давид де Геа. Клубот не може да најде заеднички јазик со шпанскиот голман за продолжување на соработката. Де Геа има премногу високи финансиски барања, па поради тоа голема е веројатноста ова лето да го напушти „Олд Трафорд“.

Иста е ситуацијата и со Пол Погба, постои можност да се пресели во Реал Мадрид, но Јунајтед инсистира Бејл и Крос да бидат дел од договорот.

Што се однесува до трансферите главни мети се младите Англичани,Санчо од Борусија Дортмунд и Деклан Рајс од Вест Хем.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде