По објавата дека Диего Годин од следната сезона повеќе нема да го носи дресот на „душекчиите“, вечерва уште една лоша вест пристигна за фановите на Атлетико, заминува уште една легенда на клубот.

Вечерва беше потврдено дека и Гризман го напушта „Ванда Метрополитано“ и дека од следната сезона ќе настапува во друг клуб, не е откриено, но голема е веројатноста тој клуб да биде Барселона.

Во едно лето, заминуваат две легенди на клубот, што означува можеби и распад на екипата која ја предводеше неколку сезони Диего Симеоне, Чоло.

Следниот период кој е пред нас, треба да дадат одговор на тоа колкави се амбициите на клубот од Мадрид без звучни имиња и дали всушност ова трансфер лето ќе комплензираат по заминувањето на овие две силни имиња од соблекувалните.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде