Денеска се потврдени имињата на сите членови на стручниот штаб на Маурицио Сари во Јувентус.

Исто така е потврдено дека Андреа Барзаљи се уште нема да му се приклучи на стручниот штаб на Јувентус бидејќи му е потребен мал одмор откако ја заврши професионалната играчка кариера.

Сари во Јувентус повторно ќе соработува со помошникот Џовани Мартушело со кого работеше во Емполи.

На „Старата дама“ и се приклучи и Никос Цурудис кој во 2002. година го основа „Милан Лаб“ и кој со „Росонерите“ беше се до 2018. година.

Така, стручниот штаб на Јувентус ќе го сочинуваат Маурицио Сари, Џовани Мартушело (помошник тренер), Џани Пичиони (тренер на првиот тим), Лорис Беони (тренер на првиот тим), Клаудио Филипи (тренер на голмани), Масимо Ненси (тренер на голмани).

Кондициони тренери ќе бидат Даниеле Тоњачини (шеф на кондиционите тренери), Андреа Пертусио (кондиционен тренер), Давиде Лоси (кондиционен тренер), Енрико Мафеи (кондиционен тренер), Дучо Ферари Браво (кондиционен тренер), Давиде Ранцато (кондиционен тренер).

Роберто Саси ќе биде шеф на секторот за спортска наука, а соработници ќе му бидат Антонио Галтиери и Дара Коноли, додека дел од медицинскиот тим ќе бидат Лука Стефанини (шеф на медицинскиот тим), Никос Цурудис (шеф на медицинскиот тим на првата екипа), Марко Фрески (медицински техничар на првиот тим).

Со анализа на мечевите ќе се занимаваат Рикардо Ширеа кој ќе биде шеф на секторот за анализа на мечевите, а помошници ќе му бидат Доменико Вернамонте и Џузепе Мајури.

Интересно е што стручниот штаб на Јувентус ќе брои дури 20 лица без Маурицио Сари, па останува да се види дали тоа ќе биде доволно за „Старата дама“ да ја одбрани титулата во Италија, со оглед на тоа дека Интер и Наполи прават тимови кои ќе бидат сериозни кандидати за Скудетото, а што е најважно за „Бјанконерите“, дали конечно ќе успеат да ја освојат титулата во Лигата на шампионите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде