Етиопјанецот Самјуел Теферa постави нов светски рекорд на 1.500 метри во сала, на атлетскиот митинг во Бирминген.

Теферa до победата стигна со време 3:31.04 минути и со тоа успеа да го сруши за 14 стотинки рекордот на Хишам Ел Геруж, поставен пред 22 години. Второто место му припадна на сонародникот на Тефер, Јомиф Кеџелчем, додека третото место го освои Стјуарт Мексвејн.

Со денешната победа 19-годишниот Теферa продолжува со одличните резултати на митингот во Бирминген, бидејќи и минатата година беше победник на трката на 1.500 метри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде