Директорката на Управата за статистика на Црна Гора, Гордана Радојевиќ наведе дека во Црна Гора постои голем проблем со неактивност на населението, бидејќи секој втор невработен не сака да работи и не бара работа.

Покрај стапката на невработеност која изнесува 14,1 отсто, Радојевиќ тврди дека повеќе загрижува податокот што во просек во Црна Гора неактивни се 45 проценти од популацијата од 15 до 64 годишна возраст.

Дел од населението не работи и не бара работа, односно да им се понуди работа не би ја прифатиле, вели таа.

„Секако дека одреден процент на неактивност е неизбежен, особено за младата популација која студира, се усовршува. Меѓутоа, и покрај тоа, Црна Гора е земја со највисока стапка на неајтивност во ЕУ и пошироко“,изјави Радпјевиќ.

Сепак, како што оцени, економскиот раст за кој говорат претставниците на власта во земјата навистина се чувствува, а во прилог на тоа сведочи европската статистика.

„Што се однесува до впечатокот дека растот на економската активност во Црна Гора не се чувствува во пракса, морам да нагласам дека тоа го демантира европското истражување на условите за живот на граѓаните во Црна Гора. Според податоците од декември, минатата година, можеме да заклучиме дека трендот на пораст на БДП е проследен со растот на расположливиот приход на граѓаните, и тоа на начин што во периодот од 2013 до 2017 година, најзначен раст е забележан кај 20 прпценти од жителите со најнизок доход (28,3 проценти), додека најмал раст е забележан кај 20 проценти од најбогатите жители (13,6 отсто)“, изјави Радојевиќ, пренесе РТЦГ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде