Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Почетино потврди дека повредата на Хари Кејн не изгледа воопшто добро и дека голема е можноста тимот на не може да смета на неговите услуги до крајот на сезоната.

„Многу сум тажен. Ќе биде тешко и ќе ни недостасува многу, најверојатно до крајот на сезоната“ – коментираше по мечот Почетино.

Кејн заработи оштетувања на лигаментите на десниот скочен зглоб при еден груб старт на Фабијан Делф во 58. минута од првиот четвртфинален меч со Манчестер Ситу во Лигата на шампионите, на кој Тотенхем славеше со 1:0.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде